Унгарија ќе ја развива индустријата
Унгарија изготви план за развој на индустријата.
Министерот за економија, Михај Варга во средата го претстави планот за развој на унгарската економија на долг рок. Тој рече дека Владата има намера да го зголеми процентот на индустриското производство во однос на економското производство за 30% до 2020 година од сегашните 24%. Унгарија ќе работи да ја зајакне националната индустрија, да создаде иновации, помош за создавање работни места и поддршка на конкурентноста и извозот на домашните компании. Сето ова ќе се зајакне отпорот на унгарската економија во услови на криза.
Во Унгарија, индустриското производство се зголеми за 7,5 % минатата година, што покажува дека индустријата на Унгарија е способна за одржлив и избалансиран раст.
Министерот кажа дека производството на возила и специјализирани машини се области со посебно значење што треба да се развиваат понатаму, но и индустријата за храна, зелена економија и други гранки.
Слично
