Економија, финансии, бизнис

Контакт

Унгарија го рестартира Јужен поток

Унгарија го рестартира Јужен поток
Унгарија е подготвена да ја започне изградбата на својот дел од "Јужен поток" во наредните шест месеци и да ги изгради капацитетите до 2017 година. Ова стана јасно од изјавата на извршниот директор на државната гасна компанија MVM Чаба Баји. MVM е главниот партнер на "Газпром" во изградбата на "Јужен поток". Унгарската страна е подготвена да се забрза изградбата на гасоводот, и покрај противењата на Европската комисија. Потсетуваме дека Брисел има стравување дека "Јужен поток" не ги исполнува барањата на Третиот либерализационен пакет. Една од главните забелешки е дека "Газпром" е и сопственик на мрежата, и снабдувач на суровина. Освен тоа договорот засега не предвидува трети страни да имаат право да достават природен гас преку "Јужен поток". Поради овие отстапувања со европското законодавство ЕК очекува од "Газпром" да побара исклучок за правилата, што се случи со "Северен поток". Руската страна инсистира на тоа дека проектот е меѓународен и не е потребно да се почитуваат европските директиви. Во почетокот на годината започнаа преговори на ниво на ЕУ - Русија, за да може "Јужен поток" да биде доведен во согласност со правилата. Тие сепак беа замрзнати по почетокот на конфликтот во Украина. И покрај овие компликации, Русија не ги забавува плановите за изградба на гасоводот. Првото заварување беше направено на 7 декември 2012 година во реонот на АНАП. Течат и потребните процедури за отпочнување на изградбата на морската дел од трасата на гасоводот. Плановите се до крајот на 2015 година првите количини руски гас да бидат доставени по "Јужен поток" во Европа. Првата земја по трасата е Бугарија. K.K.
Слично

Поврзани вести