Економија, финансии, бизнис

Контакт

Унгарија ги зголемува платите на наставниците - колку ќе земаат во 2026 година?

Унгарија ги зголемува платите на наставниците - колку ќе земаат во 2026 година?

Унгарија најави зголемување на платите на просветните работници на 1.450 евра за следната година. 

„Унгарската влада дополнително ќе ги зголеми платите на наставниците, кои ќе достигнат 936.000 форинти, или 1.450 евра во просек во 2026 година“, изјави денес шефот на кабинетот на премиерот на Унгарија, Гергељ Гуљаш.

Зголемувањето на платите на наставниците ќе биде најважната тема на стратешкиот состанок на кабинетот следната среда, пренесува Танјуг.

Според него, зголемувањето на платите е во согласност со договорот на владата со Европската Унија за зголемување на платите на наставниците на 80 проценти од просечната плата на дипломираните студенти до 2031 година.

foto freepik.com

Слично

Поврзани вести