Економија, финансии, бизнис

Контакт

УНЦА ЗЛАТО НАДМИНА 3.500 ДОЛАРИ: Цената допрва ќе се зголемува

УНЦА ЗЛАТО НАДМИНА 3.500 ДОЛАРИ: Цената допрва ќе се зголемува

Цената на декемвриските фјучерси за злато на берзата Comex, која е дел од Њујоршката стоковна берза, денеска, по објавата на царината на САД за прачки од 1 килограм, ја надмина границата од 3.500 долари за унца за прв пат од 22 април.

Според податоците за тргување, цената на благородниот метал достигна рекордно високо ниво од 3.534,10 долари, подоцна корегирана на 3.492,10 долари за унца, што претставува зголемување од 1,4 отсто во однос на почетната цена на денот.

Анализата на Светскиот совет за злато (WGC) укажува дека цената на овој благороден метал во втората половина на 2025 година би можела да се зголеми за околу 5 отсто. 

Експертите предупредуваат дека во случај на сериозно влошување на глобалната економска и финансиска состојба, побарувачката за „безбедни засолништа“ може нагло да се зголеми, што би можело да ја зголеми цената на златото за дури 10 до 15 отсто. 

foto freepik.com

Слично

Поврзани вести