Економија, финансии, бизнис

Контакт

Уметниците од државните институции контра опозицијата, на сакаат да се штеди на култура!?

Уметниците од државните институции контра опозицијата, на сакаат да се штеди на култура!?
Уметниците вработени во државните институции денеска излегоа на протест незадоволни од барањата на опозицијата за кратење на буџетот со кои, според нив се стопира изградбата на големата концертна сала за Македонската филхармонија, Стариот театар и Театарот во Велес. „Тоа не се средства кои се трошат бесцелно, туку пари кои се инвестираат за директен развој на културата. Ние уметниците не заслужуваме да работиме во монтажни бараки. Нашата публика не заслужува да следи  претстави и концерти во монтажни бараки“, рече Дејан Лилиќ, директор на Македонскиот народен театар кој посочи и дека недонесувањето на буџетот ќе значи и неисплата, односно доцнење и кратење на платите и спречување на нивното нормално функционирање. „Уметниците како и сите граѓани заслужуваат плати и нормални услови за работа. Затоа, ние јасно се противиме на ваквиот план, кој е на директна штета на уметниците, но и на културата во нашата држава. Уметноста е молитва за Македонија и огледало на нејзината душа“, рече Лилиќ. Според директорот на Драмскиот театар од Скопје, Бранко Ѓорчев недонесувањето на буџетот ќе значи враќање на состојбата пред 2006 година кога уметниците работеле во лоши услови, со ниски плати, бедни и понижени. „Истите кои не држеа во беда, во услови кога глумците во Драмскиот театар се разболуваа од туберкулоза поради лоши услови на работа, сега во Парламентот сакаат да не добиеме пристојни плати и прекрасни објекти за работа“, рече Ѓорчев. Со нив се согласија и директорката на Националната установа -Театар комедија, Јелена Жугиќ стравува дека непуштањето во употреба на стариот театар, ќе значи губење на можноста овој театар да се всели во објектот на МНТ, како и Директорката на Македонската филхармонија, Маја Чанаќевиќ-Ѓуркова која смета дека неприфаќањето на буџетот значи стопирање на изградбата на новата зграда на филхармонијата. Сите кои излегоа на протестот посочија дека не ги интересирале партиски бои, туку само уметноста. http://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=KgaA7QOKzAE видео преземено од А1 он Реакција од Турскиот театар „Јас лично не го подржувам овој протест за кој мислам дека е политички мотивиран. Се појавив на денешниот протест и побарав одговор од организаторите зашто прашањето за Турскиот театар е намерно или ненамерно испуштено од агендата на овој протест, а селективно се споменати институции кои се во план или веќе се во фаза на изградба“, рече Един Јакубовиќ, актер од Турскиот театар во Скопје. Ја поздравувам секоја изградба на секоја културна институција, но не можејќи да најдам одговор од организаторот, во разговор со уметниците кои беа на протестот добив одговор дека раководните лица на театрите во Скопје се организатори на овој протест. Би сакал да нагласам дека дел од тие организатори биле автори на многу успешни проекти во НУ „Турски театар“ Скопје, а денес со нивното игнорирање на проектот НУ Турски театар се однесуваат како оваа институција да не постои и е тотално непродуктивна за македонската уметност и култура,  вели Јакубовиќ. Тој упати и писмо до раководството на Турскиот театар, во кое бара одговор до кога ќе добиваат празни ветувања и пропаднати датуми, лопати и проекти за изградба на новиот објект на НУ „Турски театар“. „Веќе четири години директорот на НУ „Турски театар“ Скопје кокетира со јавноста, давајќи ни очигледно до денешен ден, лажни надежи дека тој и неговите поддржувачи во најмалку десет излагања ќе изградат нов театар. Прво тоа беше на почетокот на март 2012, потоа за светскиот ден на театарот 27 март, потоа со извинување нè убедуваа дека ќе биде кон средината на мај, во септември преку еден од медиумите на јавниот сервис, директорот гордо пред крајот на оваа година најави сигурен почеток на изградба на новиот театар“, пишува Јакубовиќ.
Слично

Поврзани вести