Економија, финансии, бизнис

Контакт

Уметниците на протести: “Сфати ја разликата: Културата не е бирократија!”

Уметниците на протести: “Сфати ја разликата: Културата не е бирократија!”
Целосно повлекување на измените на Законот за култура донесени минатата година, зад грбот на сите вработени во оваа сфера, ова е барањето на претставниците на Синдикат за култура на РМ, кои денеска во 14:30 ќе протестираат пред министерството за култура. Под мотото “Сфати ја разликата: Културата не е бирократија!”, од синдикатот ги повикуваат сите уметници,  вработени во културата и сите поддржувачи на културата да се придружат заеднички да го изразат својот револт и да го одбранат правото на креативност и творештво.Претставниците од синдикатот велат дека со измените практично е погазено нивното достоинство како творци, двигатели и негувачи на креативниот дух во културата, а воедно е суспендирано и правото на колективно преговарање. -Не се согласуваме нашиот труд и квалитет да биде оценуван од странци во комисии за избор и реизбор, не се согласуваме да бидеме вреднувани според „учинок“, не се согласуваме нашите плати да бидат однапред законски дефинирани со што се оневозможува елементарното право тие да бидат предмет на колективно договарање. Протестираме заради игнорантскиот однос на Министерството за култура кон испратеното писмо од нашиот синдикат, како апсолутен релевантен фактор кој обединува 17 синдикални организации на вработените од различни установи. Овие 17 институции ја сочинуваат сржта на сѐ она што претставува култура во Република Македонија. Нема да дозволиме вработените во културата да бидат заложници на политичките елити, креаторите на законите и нивните бирократски механизми. Нема да дозволиме правото на синдикално организирање да биде суспендирано и заменето со ригидни закони кои не се преговараат, туку се извршуваат, стои во соопштението од Синдикатот за култура на РМ. Вчера претставниците на Синдикатот се сретнаа со министерската за култура Елизабета Канческа-Милевска, а на средбата се договорија да ги достават сите забелешки во врска со законот. Но тоа не ги предомисли да отстапат од најавениот протест. -Протестираме најпрво заради игнорантскиот однос на Министерството за култура подолг период кон новорегистрираниот Синдикат на културата на Р.Македонија.Конечно на ден пред протестот се оствари средбата во министерството. Нашето главно барање е повлекување на обемните законски измени донесени минатата година.На состанокот донесовме заклучок да се испратат сите забелешки за измените од Законот за култура од 17- те синдикални организации кои се членки на Синдикатот на културата на Р.Македонија.Протестот ќе се одржи, за да се покаже ставот на Синдикатот кој е релевантен фактор и кој е составен од 17 Синдикални организации, столбовите на Културата во Македонија, имаме синдикати од сите дејности од културата, вели Виктор Илиески, претседател на Синдикатот за култура на РМ. Како ќе влијаат законските измени врз уметноста и културното творештво? Законските измени стапија на сила од февруари годинава. Од синдикатот за култура велат дека измените се изгласани набрзина без при тоа да се предвиди како ваквите измени ќе се одразат врз културното творештво. Укажуваат дека на овој начин се бирократизира уметноста. -Станува збор за предложени и изгласани законски измени брзоплето, каде што има решенија со што уметноста се бирократизира, јас би рекол се дисциплинираат уметниците и културните дејци.Конкретно се работи за оценувања еднаш годишно, што е недопустливо, не можете најспецифичниот кадар во државата да го оценувате еднаш годишно, а од друга страна да имате договори на 5 години, и секои 5 години да имате реаудиции кои би биле оценувани од 5 члена комисија од кои 4 странци.Никаде во свет нема ваква структура на комисии со иземање на главните позиции од матичните оркестри. Не може да се поистоветува уметноста и културното наследство со бирократија.Синдикатот на културата се окрупни и прошири, најмногу од незадоволството на членството од штетните последици на законот, вели Илиески. Измените во законот за однесуваат на усогласување со Законот за административни службеници, избор на директори на јавни установи од областа на културата, склучување на менаџерски договори помеѓу директорите на националните установи и министерството за култура, механизми за следење на работата на директорите,  финансирање на проекти, извештаи на амбасадорите за култура, категоризации на уметниците, правила за вработување , и она на што најмногу реагираат уметниците, начинот на оценување. - Со Законот за културата се уредуваат основите на културата како темелна вредност на Република Македонија, облиците на остварување на културата, начинот и условите на нејзиното финансирање, како и други прашања од интерес за културата.Со Законот кој се предлага заради обезбедување на стручност и компетентност во работењето се додаваат нови услови кои кандидатите за директор треба да ги исполнат за да можат да бидат избрани на јавен оглас. Во однос на унапредувањето со Законот кој се предлага се утврдува дека уметниците можат да се унапредат во постапка на реаудиција согласно со овој закон и законите за соодветните дејности од областа на културата, додека стручните работници во заштитата на културното наследство можат да се унапредат во постапка на реизбор во стручни звања согласно со овој закон и законите од областа на заштитата на културното наследство.Со цел да се зголеми квалитетот, ефективноста и ефикасноста на работењето,почитувањето на роковите и нивото на исполнување на работните цели и задачи,нивото на вклученоста и посветеноста на работата, во Предлог законот е утврдено дека давателите на јавни услуги во културата се оценуваат еднаш годишно. Оценувањето се врши најдоцна до 1 декември за тековната година, со исклучок на уметниците првенци: како балетски играчи првенци, актери првенци, оперски солисти првенци и диригент. Воедно се утврдува и дека уметниците покрај со наведеното оценување се оценуваат и со спроведување постапка за реаудиција на секои три години, се посочува во новиот Закон за култура. Законот ќе претрпи нови измени, кои по скратена постапка се веќе ставени на дневен ред на денешната собраниска седница.Станува збор за измени во делот на усогласувањето со Законот за административни службеници, односно измените предвидуваат пролонгирање на рокот за задолжително доставување на меѓународно признат сертификат за познавање на странски јазик и на потврда за работа со компјутерски програми за канцелариско работење. Од Синдикатот за култура велат дека овие измени се носат по нивно барање. Ј.С
Слично

Поврзани вести