Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ултиматумот на „Шарената револуција“ истекува за четири дена

Ултиматумот на „Шарената револуција“ истекува за четири дена

Поддржувачите на „Шарената револуција“ денеска потсетија дека остануваат уште 4 дена до рокот за исполнување на нивните барања.

Пораката ја испишаа на големо платно на зградата зад Порта Македонија на кое пишува „Уставен за СЈО 4".

„Непочитуван Уставен суд (или како и да те нарекуваат), остануваат уште четири денови до рокот што ти го испорачаа граѓаните кои протестираат со Шарена револуција и Протестирам. Насетуваме дека немате намера да се произнесете и дека со тоа можеби најавувате идно укинување на Специјалното јавно обвинителство. Мисли Уставен суд, размисли и присети се колку гнев има меѓу граѓаните и на што се спремни за да ја одбранат правдата“- велат од „Шарената револуција“.

Демонстрантите бараат до 18 јуни Уставниот суд да одговори на иницијативата за уставноста на Специјалното јавно обвинителство и да запре прогонот на демонстрантите.

Герила акциите зачестија и секој ден се одбројува, по што ако не се исполнат барањата кои се испорачани до властите, граѓаните правдата ќе ка земат во свои раце.

Слично

Поврзани вести