Економија, финансии, бизнис

Контакт

УЛТИМАТУМ ДО 18 ЈУНИ: Заев го објави планот за излез од кризата

УЛТИМАТУМ ДО 18 ЈУНИ: Заев го објави планот за излез од кризата

Два месеци неуморно чекориме заедно, бараме слобода и се бориме за правда и демократија во Македонија. Рековме дека срамните аболиции мора да се повлечат, тоа се случи, рековме дека избори на петти јуни нема да има, тоа се случи ... Правда ќе има, законите ќе важат за сите подеднакво. Со исполнувањето на двата клучни предуслови што ги постави СДСМ и опозицијата се отвора простор за надминување на кризата. Вака опозицискиот лидер ја почна прес конференцијата на која денес го обелодени планот на СДСМ за излез од кризата.

Тој рече дека планот содржи два клучни чекори што мора да се исполнат до 18 јуни.

Прво Уставниот суд да ја потврди уставноста на Законот за СЈО. „Правдата и борбата против криминалот и корупцијата се уставни категории и не смеат веќе да бидат под било каква закана. За правда нема да преговараме“, рече Заев

Сите приведени граѓани кои што протестираа треба да бидат ослободени и да запре прогонот врз демонстрантите. „Само ако се исполнат овие два чекори договорот од Пржино може да преживее“, додаде опозицискиот лидер.

Тој рече дека излез од длабоката полтичка криза итно е потребно да се обезбеди владеење на правото и исполнување на сите услови за слободни, фер, демократски избори.

„Формирање на влада која ќе спроведе организирање на фер и демократски избори, прочистување на изборачкиот список, реформи во медиумите.

Барањата на граѓаните кои секојдневно протестираат на улиците ширум земјава целосно ги поддржуваме.

Времето на страв и злоупотреби во Македонија заврши, време е да ја вратиме власта во раце на граѓаните“, рече Заев.

Слично

Поврзани вести