Улиците во центарот на Куманово и понатаму блокирани
Ноќта во Куманово помина мирно. Во дел од градот каде се блокирани улиците се наоѓаат повеќе клучни објекти, државни и локални институции и установи.
МВР вчера соопшти дека сообраќајот е блокиран бидејќи се преземаат мерки за зголемување на безбедноста во Куманово. Од регионалниот центар за управување со кризи денес соопштуваат дека се изнформирани дека улиците се блокирани поради превентивни полициски активности.
Според наводите пак на поедини медиуми, повеќе улици во Куманово се блокирани поради потрага за терористот Сулејман Османи кој и избегал на полицијата додека го воделе да им покаже каде се наоѓа скриеното оружје.
Кумановскиот градоначалник Зоран Дамјановски апелираше да не се шпекулира за зголемено полицисо присуство и блокирани улици во центарот на градот додека МВР официјално не се огласи.
Минатиот викенд во судирот на полицијата и групата терористи во населабата Дива населба во Куманово убиени се осум македонски полицајци, а 37 се повредени. Полицијата пронаде десет тела на вооружени лица, а 30 терористи се предадоа.
