Улиците во Куманово не се веќе блокирани
Македонската полиција веќе не ги држи во блокада двете улици во тесниот центар на Куманово кои водат кон Полициската станица.
Медиумите пренесуваат дека сообраќајот во овој дел од градот сега се одвива нормално, и дека не е забележано зголемено присуство на полицијата.
Причините поради кои полицијата пред два дена ги блокираше улиците и поради што беше зголемено полициското присуство не се соопштени.
МВР вчера соопшти дека сообраќајот е блокиран бијдеќи се преземаат мерки за зголемување на безбедноста во Куманово.
Во судир на полицијата и групата на терористи минатиот викенд во Дива населба во Куманово загинаа осум припадници на полицијата а 37 се повредени.
Полицијата пронајде тела на 10 вооружени лица, а 30 терористи се предадоа.
