Економија, финансии, бизнис

Контакт

Улици во бугарско гратче за прв пат ќе видат асфалт за посетата на Папата

Улици во бугарско гратче за прв пат ќе видат асфалт за посетата на Папата

Бугарската влада одобри 1,2 милиони евра за средување на улиците на градтчето Раковски, кое патата Франциск треба да го посети на 6 мај. Станува збор за девет улици кои за прв пат ќе видат асфалт и тротоар.

Раковски има најголема католичка заедница во Бугарија. а градот очекува 50.000 посетители на денот кога ќе ги посети поглаварот на Ватикан.

Центарот и плоштадот на градот е веќе разубавен со одобрени 500.000 евра за градини, осветлување и фонтана.

- Се ќе светне во полн сјај - реле Павел Гуџеров, градоначалникот на Раковски, кој потврди дека и натаму чека списоци со дополнителни задачи за протоколот да биде онаков како што се очекува.

Истовремено Папата ќе ги посети и Скопје и Софија во својата балканска турнеја.

Слично

Поврзани вести