Економија, финансии, бизнис

Контакт

Украинските сили го завземаа Мариупол

Украинските сили го завземаа Мариупол

Киев - Украинските сили ја вратија контролата над Мариупол и го развија националното знаме на главната административна зграда, соопшти украинскиот министер Аваков.

„Во 10.34 (по локално време), украинското знаме е развиено над Градското собрание во Мариупол“, наведе украинскиот министер за внатрешни работи Арсен Аваков на фејсбук, пренесува Ројтерс.

Претходно беше јавено дека украинската војска го опколила Мариупол, под контрола на проруски сили, и дека во тек се борбите помеѓу овие две страни.

Освен украинскиот министер за внатрешни работи и проруските сили потврдија дека борбите се во тек и наведуваат дека петорица од нивните борци се убиени.

Лидерот на украинската Радикална партија Олег Љашко рано наутро соопшти дека започанле судирите во Мариупол, пренесе Гласот на Русија.

„Во Мариупол сум. Започнаа (воените) операции. Како одговор на барањето да го остават оружјето, (тие) отворија оган на нашата сила“, напиша Љашко на неговиот фејсбук.

Тој рече дека е ранет еден украински војник и дека се слуша артилериски оган и експлозии.

Апелира до граѓаните да не излегуваат од домовите.

Возилото на Денис Пушлин, шефот на самопрогласената Народна Република Донјецк е разнесено во Донјецк. Во експлозијата загина едно лице, а едно е рането.

Во судирите на истокот од Украина од средината на април загинаа околу десеттина лица.

Министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров повика на прекин на огнот и за изнаоѓање на решение за тешката хуманитарна криза како и за одржување на сенационален дијалог за иднината на Украина.

Русија во четвртокот поднесе нов нацрт резолуција за украинската криза до Советот на безбедност во Обиденитите нации.

Со документот се повикува на запирање на насилството, почеток на мировни преговори и воспоставување на хуманитарни коридори како на сите цивили би им се овозможило да си одат од територијата додека е во тек воената операција.
Слично

Поврзани вести