Украинските политичари не им веруваат на банките, каде чуваат пари?
Граѓаните на Украина се воодушевени од богатството на своите избраници
Законодавството во Украина овозможи политичарите и државниците да го презентираат своето богатство и Украинците останаа шокирани од она што го поседуваат нивните избраници, во земја во која повеќето луѓе се принудени да живеат со помалку од 200 долари месечно, пишува „Ројтерс".
Службениците мораше до недела да испратат детали за своите сметки и приходи во 2015 година во јавно достапна база на податоци на интернет. Тоа е поддржано од ММФ, напорите за транспарентност и модернизација на украинската економија која тешко излезе од рецесија.
Неверојатно повеќето украински политичари ги чуваат своите пари во своите домови, затоа што не им веруваат на банките. Министерот за правда, Павле Петренко пример пријавил еден милион долари во банка и половина милион, кој го чува дома.
