Економија, финансии, бизнис

Контакт

Украинските бизнисмени заинтересирани за инвестирање во Македонија

Украинските бизнисмени заинтересирани за инвестирање во Македонија

Украинските бизнисмени сакаат да го прошират својот бизнис преку Македонија. Заинтересирани се за инвестирање во земјоделството, хотелиерството и експлоатацијата на минералните суровини.

Нивна бизнис делегација од денеска престојува во Македонија со цел да ги разгледа можностите што ги нуди државата за водење бизнис.

- Бенефициите во Индустриско-технолошките  развојни зони се посебно прифатливи за нив, но заинтересирани се и за други сектори вклучително и за земјоделството особено за откуп на дистрибутивните центри од каде од домашните земјоделци би откупувале земјоделски производи кои би ги извезувале не само во Украина и Русија, туку и во други делови во Европа, изјави министерот за привлекување странски инвестиции Бил Павлевски по денешната средба со украинската бизнис делегација.

Имаат интерес и за изградба на  луксузни хотели за што во текот на денешниот и утрешниот ден ќе ги разгледаат можностите за инвестирање во Скопје и Охрид.

Почесниот конзул на Украина и сопственик на Риксус груп, Василиј Микулин смета дека има огромен потенцијал за соработка меѓу двете држави.

- Односите меѓу Македонија и Украина се развиваат во добра насока. Постои голема симпатија меѓу македонскиот и украинскиот народ и тоа резултира со овие наши средби, изјави Микулин.

Посетата на украинската бизнис делегација на Македонија е резултат на неодамна одржаниот Бизнис форум во Украина на кој беа претставени поволностите што им се нудат на странските инвеститори во Македонија.

Слично

Поврзани вести