Украинскиот БДП годинава ќе потоне
БДП на Украина e во минус од 45 oтсто.
Економијата на Украина годинава ќе се преполови, а конечната стапка на економски пад ќе зависи од траењето и интензитетот на војната.
„Руската окупација задава огромен удар на економијата на Украина и нанесе голема штета на инфраструктурата“, изјави Ана Бјерде, потпретседателка на Светска банка за Европа и Централна Азија.
Инфраструктурата е уништена, продавниците затвораат, а домашната потрошувачка колабира.
Прогнозата на Светска банка е дека руската економија ќе се намали за 11 отсто поради санкциите на Западот. Економски ќе бидат погодени и другите соседи на Украина.
Во 2018 година, во однос на БДП по глава на жител, Украина го заземаше претпоследното место меѓу европските земји (пред Молдавија ) и 111-то место во светот. Основата на украинската економија е земјоделството и услужниот сектор.
foto freepik.com
