Економија, финансии, бизнис

Контакт

Украински санкции за македонски новинар и колумнист

Украински санкции за македонски новинар и колумнист
Новинарот на „Дневник“ Христо Ивановски и колумнистот на „Нова Македонија“ Драган Јањатов се цел на санкциите против новинари и блогери воведени од Украина. Нивните имиња се наоѓаат во Указот на претседателот Петар Порошенко, потпишан вчера, а публикуван на сајтот на претседателот. Станува збор за список на поединци и компании против кои се воведуваат санкции. Тие предвидуваат  блокирање на активи, времени ограничувања за користење на нивниот имот, спречување на одлив на капитал надвор од границите на Украина , а исто така и визни ограничувања-забрана за влез во Украина. Во списокот има 34 новинари и седум блогери од разни земји, меѓу кои од Италија, Велика Британија, Швајцарија, Шпанија, Бугарија, Естонија, Латвија и др. Денес под притисок на Британија Порошенко порача да се укинат санкцииите против новинари на БиБиСи. М.А.
Слично

Поврзани вести