Економија, финансии, бизнис

Контакт

Украинската војска го бомбадира Луганск

Украинската војска го бомбадира Луганск

Украинската војска го бомбадираше центарот на Луганск, а во напад на рускиот граничен пункт „Novošahtinsk“ уништени се автобускиот терминал и седиштето на царинската служба.

Ова го пренесуваат медиуми повикувајќи се на зборовите на очевидци кои неведуваат дека украинската војска извршила два воздушни напади на густо населени цивилни подрачја, а властите во Киев порачуваат дека одговориле на бобадирањата кои ги извршиле сепаратистичките сили.

„Првиот авион се појави околу 11 часот и го погоди центарот на градот, уништувајќи ја полициската станица, зградата на судот и две ќуки. Нема да го знаеме бројот на жртви се додека не се расчистат рушевините“, рекол шефот на локалната администрација Владимир Билоус.

Тој додава дека состојбата на местото на другиот напад е уште полоша: девет лица загинале, а 11 се повредени. Меѓу жртвите е и петгодишно девојче и нејзиниот татко, пренесуваат руските медиуми.

„Риа Новости“ потсетуваат дека во Луганск живеат околу 15.000 илјади луѓе кои не биле директо вмешани во борбите помеѓу владините сили и претставници на самопрогласената Народна Република Луганск.

Украинските власти соопштуваат вчера дека во околниот регион Доњецк, од почетокот на судирите пролетта, загинале 279 лица од кои 160 цивили. Податоците за Луганск не се обајвени уште.

Исто така, денес, украинската војска го нападнала и рускиот граничен пункт „Novošahtins“, во моментот кога патници поминувале на царинска контрола, пренесува Итар-Тас.

Во меѓувреме, украинскиот претседател Петро Порошенко, го именуваше генералот Валериј Хелетеј за нов министер за одбрана, што е прифатено од страна на парламентот.

Слично

Поврзани вести