Економија, финансии, бизнис

Контакт

Украинци заинтересирани да инвестираат во Македонија

Украинци заинтересирани да инвестираат во Македонија
Украинската компанија е заинтересирана да гради фабрика за преработка на бакар во Македонија. Фирмата „Константиновски“ добила дозвола за детални геолошки истражувања на три локации. Во Македонија планира инвестиции од 100 милиони долари и вработување за 500 луѓе. „Ние разгледувавме повеќе држави за правење на овој бизнис, повеќе наоѓалишта во Јужна Африка и во други земји од овој континент, потоа во Шпанија и на Куба. Сепак, нашиот избор падна на Македонија, бидејќи тука најдовме и почувствувавме најдобра инвестициска и бизнис-клима“, изјави Генадиј Сичов, заменик-претседател на компанијата, кој денеска се сретна со премиерот Никола Груевски. На две локации во Валандово и на една во Старо Нагоричане компанијата ќе врши детални геолошки истражувања една година за да ја провери оправданоста на инвестицијата. „Фабриката треба да почне да работи кон крајот на идната или во почетокот на 2016-та година, па во овој период тие ќе ги идентификуваат соодветните луѓе што ќе ги ангажираат, по што ќе пристапат кон процес на обука. Тоа го направија сите странски компании кои досега инвестираа во Македонија“, изјави Виктор Мизо, директор на Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони. Украинците во земјава ќе експлоатираат руда, но ќе произведуваат и катоден бакар, бакарни цевки и жици.
Слично

Поврзани вести