Украинци ќе градат фабрика во Бунарџик
Осумнаесет милиони американски долари ќе вложи украинска компанија во Македонија - ќе гради фабрика во економската зона Скопје 2 во која ќе работи 150 луѓе, објави денеска премиерот Никола Груевски на неговата интернет страница.
Според директорот на Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони Виктор Мизо вели дека се работи за нова инвестиција која доаѓа од Украина во делот на производството на нови иновативни технологии за прочистување на вода, а целокупното производство ќе биде наменето за извоз за далечниот Исток, за Африка и Америка.
„Оваа компанија веќе има регистрирано фирма во Македонија, тоа се случи во февруари, а во моментов се завршуваат сите проектански активности околу самиот објект, кој треба да биде изграден на површина од околу 20.000 метри квадратни, локација од 8 хектари е веќе земена во обзир за ова во зоната Скопје 2 и објектот ќе биде лоциран непосредно до фабриката на Ван Хол“, рече Мизо.
Амбасадорот на Македонија во Москва, Илија Исајловски, кој го покрива и Киев, појаснува дека преговорите за влез на Украинците биле започнати уште во 2009 година.
Капацитетите ќе почнат да се градат во втората половина од годинава, а компанијата би требало да започне со работа и производство кон средината на идната година.
Слично
