Економија, финансии, бизнис

Контакт

Украина засега нема да пушта руски гас во Европа

Украина засега нема да пушта руски гас во Европа

Украина нема да пушта руски гас во Европа додека не воспостави контрола врз гасоводот. 

Земјата нема да ја отвори транзитната точка Сохранивка, преку која рускиот гас се транспортира во Европа, објави украинскиот оператор GTSOU.

Операторот завчера објави дека поради виша сила, односно поради проруските сепаратисти кои крадат гас, од 11 мај ќе го прекине преносот на гас преку влезната точка Сохранивка, преку која се пренесува околу една третина од гасот што Русија го испраќа во Европа преку Украина. Гасоводот минува низ регионот Луганск, кој делумно го контролираат проруските сепаратисти од 2014 година.

Гасот поскапува. Цената на гасот на европскиот пазар и натаму е над 1.100 долари за 1.000 кубни метри, покажуваат податоците на лондонската берза ICE.

Слично

Поврзани вести