Економија, финансии, бизнис

Контакт

Украина вети дека нема да краде руски гас

Украина вети дека нема да краде руски гас

Украина не планира да краде руски природен гас кој е наменет за Европа, изјави денеска украинскиот министер за енергетика Јури Продан.

Русики официјални лица претходно изразија сомневање дека Киев ќе почне да го краде овој енергент кога ги потроши залихите.

„Не го земаме тој гас и не планираме тоа да го правиме“, рече Продан.

Русија, која праќа гас на европските клиенти преку Украина, ја прекина испораката на гас на оваа земја, бидејќи Киев не го испочитува рокот за почеток на отплаќање на долгот за порано испорачаниот гас. Рускиот „Гаспром“ соопшти дека украинскиот долг за гас достигна 5,3 милијарди долари.

Слично

Поврзани вести