Економија, финансии, бизнис

Контакт

Украина со најмала просечна плата, Македонија има поголема само од четири европски земји

Украина со најмала просечна плата, Македонија има поголема само од четири европски земји


Со просечна плата од 668 долари, Македонија е на петтото место по најнизок месечен приход во Европа.

Нашата економија во овој сегмент е подобра само од Косово, Молдавија, Белорусија и Украина. Украина има најниска просечна плата од 475 долари.

Ова истражување го направи сајтот geo.universe, кој е поврзан со популарниот сајт numbeo.com

Интересно, истражувањето покажа дека просечната плата во Бугарија е повисока од просечната плата во Грција.

Швајцарија има највисока просечна плата од 7.900 долари месечно. Следува Велика Британија со 4.845.

Од земјите во регионот, највисока има Словенија со 1.721 долари, додека Хрватска е втора со 1.575 долари.


Слично

Поврзани вести