УКРАИНА СКАПА, Турски тек – идеално решение?
Проектот Турски тек е се поатрактивен за Турција и Русија поради растечките трошкови за транзит преку Укрина, вели рускиот министер за енергетика Александар Новак.
Ако трошоците на транзит се поголеми, како што велат нашите украински колеги, секако тоа ќе влијае на трошоците на транспорт и конечна цена за турските потрошувачи. Од таа причина, Турција е заинтересирана за директна испорака на гас, со што би се заобиколиле другите транзитни земји“, ијзавил Новак.
Тој додал дека проектот предвидува изградба на макар една линија гасовод со која би се испорачувале 15,75 милијарди кубни метри гас годишно, што е, како што навел, количина наменета за турските потрошувачи.
Спогодбата за изградба на гасоводот Турски тек е постогната во декември 2014 година, откако што поради изостанок на согласност од Бугарија се запре изградбата на гасоводот Јужен тек.
Со првичниот план било предвидено четирите линии на гасоводот Турски тек да имаат капацитет од 63 милијарди метри гас годишно. Меѓутоа, генералниот деректор на руски Гаспром Алексеј Милер изјави минатата есен дека ќе се градат само две линии гасовод, бидејќи гасоводот Северен тек 2 може да ја покрие растечката побарувачка на Европа за гас.
Откако турските воени сили во ноември лани соборија руски воен авион на сириската граница, рускиот министер за енергетика Александар Новак соопштил дека преговорите за изградба на гасоводот Турски тек с запрени.
Меѓутоа, Турција неодамна и се извини на Русија за соборувањето на авионот при што односите на двете земји почнаа да одат кон нормализација.
