Украина се распаѓа, Доњецк и Луганск прогласија независност
Доњецк и Луганск вчера сами прогласија независност. Според Ројтерс, самопрогласениот градоначалник на Доњецк, Вјачеслав Пономјаров побарал припојување кон Русија.
„Тргнувајќи од изразената воља на народот на ДНР и со цел воспоставување на историската правда ја молиме Руската Федерација да го разгледа прашањето за влегување на ДНР во составот на РФ“, се вели во прогласот.,
Украина пак побара под итно да се повлече од територијата.
И Луганск прогласи независност. Двете области ќе бараат признавање од ОН.
Слично
