Економија, финансии, бизнис

Контакт

Украина преговара со Западот за користење на замрзнатиот руски имот

Украина преговара со Западот за користење на замрзнатиот руски имот

Премиерот на Украина Денис Шмигал изјави дека украинските власти преговараат со САД и другите западни земји за користење на рускиот имот што Западот го замрзна. 

Шмихал за американскиот CBS објасни дека задача и цел на преговорите е да се најде решение како да се искористат замрзнатите средства на Русија за финансирање на обновата на Украина. 

Стејт департментот и Белата куќа во саботата соопштија дека Шмигал се сретнал со државниот секретар Ентони Блинкен и американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан во Вашингтон за да разговараат за помошта на САД за неговата земја и континуираниот притисок врз Русија. 

Западните земји воведоа остри санкции кон Русија по нападот на Украина, вклучувајќи го и замрзнувањето на девизните резерви на земјата. Гувернерката на руската централна банка, Елвира Набијулина, претходно најави дека Москва подготвува тужби за да го оспори замрзнувањето на девизните резерви на земјата.


Слично

Поврзани вести