Економија, финансии, бизнис

Контакт

Украина платила за рускиот гас до 15-ти март

Украина платила за рускиот гас до 15-ти март

Авансната уплата за руски гас кон Украина е доволна до 15-ти март, изјавил денеска пред новинарите потпаролот на Гаспром Сергеј Купријанов.

Како што обајви порано „Тас“ Украинскиот „Нафтогас“ уплатил 15 милиони долари на русија за гас до 6-ти март.

Соред податоците на „Украинагас“, на 8-ми март увозот на руски гас е намален од 23 милиони кубни метри  на 8,4 милиони кубни метри.

„Нафтогас“ и порано соопштуваше дека претплатата за мартовската испорака на рускиот гас ќе зависи од временските услови. Во целина Украина сака и понатаму да го намалува уделот на тускиот гас во енергетскиот баланс на земјата.

Премиерот на Украина Арсениј Јацењук на седницата на владата побарал „посепено да се намалува уделот на рускиот гас во украинската гасоводна мрежа“.

Шефот на владата дал задача да се зголеми обемот на резерварите и истовремено да се смалува купувањето од Русија. Украина до 7-ми март го намали увозот на гас од Унгарија за пет пати помалку , на 715 илјади кубни метри дневно, се наведува од материјаниот унгарски систем за транспорт на гас „ФГСЗ“

Обратната испорака од Полска од 1-ви март е намалена на 717 илјади кубни метри дневно, во однос на 840 илјади кубика во февруари. Ипораката од Словачка останала на исто ниво од 37,7 милиони кубни метри на ден, пренесува „Тас“.

Украина од почетокот на март го зголемила земањето на гас од подземните складови, на повеќе од 27 милиони кубни метри двневно, покажуваат податоците на асоцијацијата на европски оператори за подземи складишта на гас.

Кон крајот на февруари, Украина од подземните складови земала помалку од осум милиони кубици на ден, пренесува „Тас“.

Слично

Поврзани вести