Економија, финансии, бизнис

Контакт

Украина нареди итен увоз на електрична енергија

Украина нареди итен увоз на електрична енергија

Украинската влада им наложи на државните компании, вклучувајќи ги „Укрзализницја“ и „Нафтогаз“, да обезбедат купување на увезена електрична енергија во износ од најмалку 50 проценти од нивната вкупна потрошувачка во текот на фискалните години 2025 и 2026 година, објави денес на Телеграм првиот вицепремиер и министер за енергетика Денис Шмигал.

Дополнително, на Националната комисија за државна регулација на енергетиката и комуналните услуги (NCRECU) ѝ беше препорачано да го поедностави поврзувањето на резервната опрема за напојување со мрежата, со преглед и одобрување на проектот во рок од два дена, објави „Укринформ“. Техничките услови и опремата за мерење исто така треба да бидат разгледани и запечатени во истиот период.

Масивните, повеќечасовни прекини на електричната енергија низ цела Украина започнаа на 10 октомври 2025 година, по оштетување на електроенергетските мрежи и комуналните системи. Иако ситуацијата накратко се стабилизираше до 11 октомври, режимите за итно исклучување беа повторно воведени од 13 октомври.


Слично

Поврзани вести