Економија, финансии, бизнис

Контакт

Украина ја повика ЕУ да ги заостри санкциите со зголемување на царинските давачки за стоки увезени од Русија

Украина ја повика ЕУ да ги заостри санкциите со зголемување на царинските давачки за стоки увезени од Русија

Министерот за надворешни работи на Украина, Андриј Сибига денеска ја повика Европската унија (ЕУ) да ја зголеми царината за увоз на стоки од Русија кои не подлежат на санкциите на ЕУ воведени поради руската инвазија на Украина.

За воведување санкции е потребна согласност од сите членки на ЕУ, како и од Унгарија и Словачка, кои се противат на нив, но за воведување царини е потребно само квалификувано мнозинство - најмалку 15 членки на ЕУ кои претставуваат најмалку 65 проценти од вкупното население на Унијата, изјави Сибига, пренесува Бета.

Така, зголемувањето на царината за стоки од Русија би го зајакнало ефектот од политиката на санкции и би избегнало потенцијална блокада на некои од 27-те земји-членки.

ЕУ веќе ги зголеми царините за некои стоки од Русија, вклучувајќи земјоделски производи и ѓубрива.

Според официјалната европска статистика, увозот на руски стоки во ЕУ изнесувал 62,7 милијарди евра во првиот квартал од 2022 година - пред почетокот на инвазијата, а паднал на само 6,98 милијарди евра во вториот квартал од 2025 година, што е намалување од 89 проценти.

Слично

Поврзани вести