Украина ги има највисоките камати во светот
Народната банка на Украина денеска одлучи да ја зголеми стапката на кредити за рефинансирање од 19,5 на 30 проценти.
Ова е петта интервенција на Народната банка со цел да ја стабилизира состојбата на паричните и кредитните пазари и притоа да ги запре тонењето на валутата и финансискиот колапс.
Пред да биде преземен овој чекор, централните банкари се обидоа да влијаат на ситуацијата преку затегнување на капиталните контроли, па дури и со еднодневно замрзнување на монетарната трговија, но ниту еден од овие чекори немаше траен резултат.
Јануарската стапка на инфлација во Украина изнесува 28,5 проценти, а за само една година цените пораснаа за 270 проценти.
Љ.Н.
Слично
