Економија, финансии, бизнис

Контакт

Украина е прва, а Mакедонија е на петтото место на списокот на најсиромашни пазари во Европа

Украина е прва, а Mакедонија е на петтото место на списокот на најсиромашни пазари во Европа

Се појави уште една листа на која нашата земја лошо котира. Mакедонија e на петтото место на рангирањето на најсиромашни пазари во Европа, a војната ја стави Украина на првото место. 

Македонија со БДП по глава на жител од 6.608,08 долари e на петтото место на списокот на најсиромашни пазари на континентот, подготвен од германскиот економски портал Дервенстен, објави веб-страницата Косово онлајн.

На листата 10-те најсиромашни, Косово е рангирано како втор најсиромашен пазар во Европа за 2023 година, веднаш по Украина. Листата е направена врз основа на бруто домашниот производ (БДП) по глава на жител и според рангирањето Србија е на десеттото место со БДП од 10.360,72 долари по глава на жител.

„На четвртото место е Албанија, чиј бруто домашен производ е 6.457,22 долари, додека на трето место е Молдавија со БДП од 5.671,22 долари. Најсиромашна во Европа е Украина, со БДП од 4.348,57 долари. Црна Гора е на деветтото место со БДП од 9.811,86 долари, а Белорусија е на осмото со БДП од 7.859,63 долари“, се наведува во извештајот. 
На 7-та позиција е Босна и Херцеговина (БиХ) со БДП по глава на жител од 7.337,72 долари, а Грузија е на шестото место со бруто домашен производ од 6.670,73 долари – пишува порталот Дервенстен.
И претходно, според Евростат, Македонија беше меѓу најсиромашните држави во Европа.

Слично

Поврзани вести