Украина доби 5 милјарди долари од ММФ
Украина ја доби првата транша од пет милијарди долари од Мегународниот монетарен фонд (ММФ) во новиот четиригодишен пакет на финансиска помош.
Кредитот на ММФ, како што се очекува со помошта да се одблокираат додатните кредити од други донатори, пренесува украинската агенција „Униан“ повикувајќи се на „Ројтерс“
Како што пренесе „Униан“ министерката за финансии на Украина Наталија Јарешко синоќа најавила дека првата транша од кредитот на ММФ ви можела да стигна на 13 март.
„Првата транша од кредитот ќе стигне, се надевам утре (13 март)“, изјавила министерката. Таа со тоа додала дека 2,8 милијарди долари ке одат за подршка на буџетот, а 2,2 милијарди долари ќе одат во девизните резерви на Нардоната банка. ММФ во средата и одобри на Укранија кредитна линија од 17,5 милијарди долари (15,5 милијарди евра).
„Новиот четворогодишен аранжман ќе ја подржи итната економска стабилизација во Украина, како и серија на длабоки и сеопфатни политички реформи наменети за обновување на економскиот раст и на средниот рок и подобрување на животниот стандарт за граѓаните на Украина“ изјавила директорката на ММФ Кристин Лагард.
