Економија, финансии, бизнис

Контакт

Украина доби 5 милијарди долари за да може да работат болниците и училиштата

Украина доби 5 милијарди долари за да може да работат болниците и училиштата

ЕУ одобри заем од пет милијарди евра за да можат училиштата, болниците и другите институции да продолжат да работат во Украина. Кредитот ќе биде гарантиран од земјите-членки, а го поддржаа министрите за финансии.

Првата милијарда евра беше испратена во Украина во август, а според чешкиот министер за финансии Збињек Стањура, на следните состаноци ќе се одлучи како преостанатите три милијарди ќе бидат поделени на заеми и грантови. Министрите разговараа за долгорочните опции за помош на Украина во финансирањето на реконструкцијата во иднина, како и можностите за краткорочни инвестиции, пренесува Ројтерс.

Во извештајот што денеска го објавија Светската банка, украинската влада и Европската комисија, се проценува дека до 1 јуни Украина претрпела директна штета од војната во износ од 97 милијарди долари и дека обновата на земјата може да чини речиси 350 милијарди долари.


Слично

Поврзани вести