Економија, финансии, бизнис

Контакт

УКРАИНА ДА ЈА ДЕВАЛВИРА ГРИВНАТА: ММФ ќе ја побара оваа мерка?

УКРАИНА ДА ЈА ДЕВАЛВИРА ГРИВНАТА: ММФ ќе ја побара оваа мерка?

Meѓународниот монетарен фонд(ММФ) ќе бара од Украина девалвација на гривната, намалување на каматите и зголемување на даноците. 

Претставници на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во текот на неделата ќе го посетат Киев и ќе побараат од украинската Влада побрзо да ја девалвира својата валута гривна, да ги намали каматните стапки и да ги зајакне напорите за зголемување на даноците за да се надомести буџетскиот недостаток, објави „Блумберг“ повикувајќи се на анонимни извори.

ММФ ќе побара спроведување на мерките поради планираната ревизија на кредитната програма за Украина во износ од 15,6 милијарди долари.

Ревизијата би можела да доведе до исплата на 1,1 милијарда долари на Украина, доколку персоналот на ММФ утврди дека Киев ги исполнува целите на програмата и дека може да ги задоволи потребите за финансирање.

Буџетскиот дефицит на Украина за следната година изнесува 15 милијарди долари, а ММФ сака земјата да ја олесни својата монетарна политика и да ја девалвира гривната за да ги зголеми приходите во локална валута.

Народната банка на Украина не сака дополнително слабеење на гривната, затоа што украинската валута веќе изгуби повеќе од 10 отсто од својата вредност од октомври лани кога беше укинат фиксниот девизен курс.

Слично

Поврзани вести