Економија, финансии, бизнис

Контакт

Украина бара пет милијарди долари месечно од Западот за пензии и плати

Украина бара пет милијарди долари месечно од Западот за пензии и плати

Украинскиот министер за финансии Сергеј Марченко изјави дека Украина бара најмалку пет милијарди долари месечно како меѓународна помош за покривање на трошоците на земјата.

На средбите со високи американски претставници во Вашингтон, Марченко рече дека Украина очекува да добива две милијарди долари месечно од САД за покривање на итни трошоци во април, мај и јуни, пренесува UNIAN, повикувајќи се на „Вашингтон пост“.

Севкупно, на Украина и се потребни најмалку пет милијарди месечно.

Марченко објасни дека тие средства се потребни за продолжување на исплатата на пензиите, платите на здравствените и образовните работници и други хуманитарни потреби.


Слично

Поврзани вести