Економија, финансии, бизнис

Контакт

Украина бара пари од ММФ за обнова

Украина бара пари од ММФ за обнова

Украина бара заем од Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) за обнова. 

Земјата сака да постигне договор со ММФ до крајот на годината за програма за заем во вредност од 15 до 20 милијарди долари за поддршка на економијата опустошена од војната. Ова го најави украинскиот гувернер Кирил Шевченко. Украина се соочува со економски пад од 35 до 45 проценти во 2022 година и месечен фискален дефицит од пет милијарди долари и во голема мера се потпира на странско финансирање од нејзините западни партнери. Ова е првпат Украина да го претстави износот на новото финансирање што им е потребно од ММФ. Програмата од 20 милијарди долари ќе биде вториот по големина активен заем на ММФ по Аргентина.

Последниот заем од ММФ за Украина беше 1,4 милијарди долари итна финансиска поддршка договорена во март, што одговара на половина од украинската квота во ММФ.

Инаку, за 25 отсто девалвираше украинската валута гривната. 

Од Народната банка на Украина (НБУ) велат дека одлуката е донесена од промена на основните параметри на економијата.

foto freepik.com

Слично

Поврзани вести