Економија, финансии, бизнис

Контакт

Украдени 5,3 милиони куни наменети за хрватските „шпиони“

Украдени 5,3 милиони куни наменети за хрватските „шпиони“
Под сомнение дека ја злоупотребиле положбата и овластувањата и украле 5,3 милиони куни од буџетот на хрватската Воена безбедносно-разузнавачка агенција (ВСОА), хрватската полиција покрена обвинение против петмина службеници. Украдените пари биле наменети за доушници. Обвинителството ги товари петтемина дека од 2009 до јули 2012 година намерно го оштетиле буџетот на Хрватска. Двајца меѓу нив се обвинети и дека во намера да го прикријат делото, наложиле и уништување службена документација.  
Слично

Поврзани вести