Укинувањето на санкциите против Иран доведе до пад на нафтата и акциите
Девизен пазар Најголеми промени претрпеа високите валути по затворањето на цената на нафтата под 30 долари за барел. Развојот дојде по шпекулациите дека Иран ќе ја зголеми понудата на нафта.
Австралискиот долар се проби надолу под дното од 2015 година и не покажува сигнал за скорешно опоравување.
Зелените пари продолжија со немилосрдниот пораст против канадскиот долар и ја пробија побрзо целта од 1,45. Двојката останува добро поддржана.
Британската фунта падна на најниски вредности за последните 5 и пол години. Фунтата се тргува на нивоа невидени од финансиската криза во 2008/09 и следната слаба поддршка е 1,40.
Еврото и јенот сепак остануваат силни против доларот, бидејќи пазарот ги избегнува ризичните набавки и бара безбедност во споменатите валути.
Суровини
Златото се тргуваше минатата недела со променливите расположенија на инвеститорите наспроти ризикот. Податоците сепак покажаа силни купувања.
Среброто ги врати речиси сите добивки од почетокот на минатата недела, додека слабоста на суровините покажаа влијание. Загриженоста за раст во Кина ја држат платината на пониски нивоа.
Индустриските метали остануваат под притисок. Средното нето на позиции кај бакарот достигнаа рекордно високи вредности, што сугерира дека останува ризикот за нови падови.
Цената на нафтата падна во петокот и се консолидира под нивото од 30 долари за барел при веста дека санкциите врз Иран се кренати. Очекувањата се Иран да го зголеми извозот за 0,5 милиони царели на ден. Овој развој во голема мера е пресметан од пазарите, но веројатноста за попуст при понудата од Иран со цел заведување на купувачите би довело до дополнителен пад на цената во близок план.
Пазари на капитал Нервите на капиталните пазари продолжија и во петокот, кога берзанскиот индекс во САД и Европа се намали за 2-3%.
На Волстрит настапија разочарувачки економски податоци и падот на цената на нафтата.
Ситуацијата на кинеските финансиски пазари и тековната загриженост за светскиот раст ќе го задржат расположението за избегнување на ризични купувања и оваа недела, а тоа доведува до нестабилност на пазарите.
