Укинатиот чартер од Финска виновен за слабата туристичка сезона во Охрид?
Туристичките работници се незадоволни од бројот на госту годинава во Одрид. Бројот на холандските туристи е намален што се правда со техничките пропусти поради кои годинава има помалку летови од Бенелукс. Голем проблем е и згаснувањето на чартер летот од Финска, поради што Охрид годинава загубил по стотина странски гости неселно во текот на сезоната.
Според Дончо Танески од ХОТАМ, сега е важно уште годинава навремено ќе се почне промоција и маркетинг за подобри резултати до година. Тој се пожали и од слабата посетеност од домашните и туристите од соседството.„Ние знаеме со колку работа ќе се соочиме оваа сезона, колку работа очекуваме. Нормално очекувавме да имаме малку повеќе ефекти од посетеноста на нашите граѓани и од граѓаните во нашето опкружување“, изјави Танески.
Промоцијата на македонските туристички потенцијали започна уште на почетокот на годината каде како организатор се јави Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот. Според планот, само во текот на оваа година се испланира учество на 17 саеми ширум светот за привлекување странски туристи.
Ефектите од нив, засега се чини ги нема во Охрид.
Слично
