Укината вонредната состојба во Србија
На предлог на Кризниот штаб за вонредни ситуации, српската Влада донесе одлука за укинување на вонредната состојба на територијата на Србија.
На подрачјата зафатени од поплавите во оваа земја досега се пронајдени 33 тела на загинати, од кои 13 починале како последица на давење, објави министерот за полиција Небојша Стефановиќ.
Членовите на Владата едногласно се изјасниле за прекин на вонредната состојба во целата држава, иако таа се уште останува на сила во општините кои беа најсилно погодени од природната катастрофа. Ова се областите каде што таа и натаму останува на сила:
Премиерот Александар Вучиќ ги предупреди министрите дека ситуацијата предизвикана од поплавите не смее да биде алиби за одлагање или за откажување на преземените обврски и побара од нив што поскоро да ги подготват приоритетните закони - за труд, за планирање и изградба, за приватизација и за стечај.
„Не може да запре времето, туку мора да покажеме уште поголема посветеност од претходно“, нагласи Вучиќ.
Тој нагласи дека постои огромна работа за обнова на инфраструктурата и на енергетскиот сектор, но и за обезбедување на куќи за сите оние што останале без покрив над глава во поплавите.

Слично