Економија, финансии, бизнис

Контакт

УКИМ побара повлекување на законот за образование од собраниска процедура

УКИМ побара повлекување на законот за образование од собраниска процедура
Ректорската управа на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ денеска одржа вонредна седница  во Скопје на која едногласно била донесена одлука со која се бара од Министерството за образование и наука итно да побара повлекување на предложените законски измени од собраниска процедура. Во заклучоците на Ректорската управа се наведува дека текстот на законските решенија поставени на јавен увид и јавна расправа на порталот ЕНЕР врз основа на кои факултетите и институтите на Универзитетот  расправаа, се разликува од текстот на законските решенија поставени во материјалите за седница на Собранието на Република Македонија. „Новите одредби претставуваат суштински промени на текстот со што се наметнува потребата донесувањето на предложените закони да се одложи за да се овозможи поширока јавна расправа и дебата со законски и стручни аргументации, односно чинителите во високото образование - државата и универзитетите заеднички да имаат можност да расправаат и да одлучат за промените во високото образование кои ќе придонесат во обезбедувањето на квалитетот во оваа значајна општествена дејност“, се вели во заклучоците на Ректорската управа. Од Универзитетот потсетуваат дека и понатаму остануваат отворени и подготвени за соработка со цел  квалитативен придонес во реформите во високото образование, придржувајќи се на европските и светските стандарди Денеска Законот за измени во високото образование е на разгледување на две собраниски комисии, а во 14 часот пред владата, студентите и професорите ќе протестираат против државниот испит. Повеќе од 200 професори денеска ќе го формираат професорскиот пленум инспириран од постоењето на студентскиот пленум.
Слично

Поврзани вести