Економија, финансии, бизнис

Контакт

УКИМ БИРА НОВ СТУДЕНТСКИ ЛИДЕР: Пленумците дигаат глас против криминални избори

УКИМ БИРА НОВ СТУДЕНТСКИ ЛИДЕР: Пленумците дигаат глас против криминални избори

Новиот студентски лидер на УКИМ денеска ќе биде под блокада на студентите од пленумот кои го креваат гласот проитив како што велат криминални студентски избори.

Од пленумот соопштуваат дека ќе го бојкотираат изборот на нов студентиски лидер за да го вратат највисокото претставничко тело во рацете на студентите!

„Овие избори се распишани од студенти кои веќе две години им е истечен мандатот и со тоа го изгубија правото да распишуваат избори. - Овие избори се спроведени во лето надвор од академската година, кога најголем број од студентите не се во скопје и не можат да гласаат. - На овие избори нема избор! Двајцата кандидати кои претендираат да станат студентски претставници својата кандидатура ја темелат на поддршката на 13 парламенти на матичните факултети кои немаат право да ја дадат истата бидејќи им е истечен мандатот“, потенцираат од Студентскиот пленум.

Тие бојкотот ќе го искажат така што ќе го блокираат влезот до гласачките места.

Овие избори за студентите се важи, бидејќи Претседателот на СПУКМ е највисокиот претставник на студентите.

„Тој одлучува кој ќе биде следниот ректор на вашиот универзитет! Тој седи во наставно научен совет! Тој одлучува дали парите на студентите ќе се трошат за студентски журки или студентски домови! Тој ќе биде оној кој кога ќе има студентски протести ќе излезе и ќе им се придружи наместо да ги дискредитира“, додаваат во повикот за бојкот студентите!

Воедно тие посочуваат дека блокирањето на  избори не е кривично дело потпирајќи го ова тврдење со член 122 став 10 од Крвичниот законик на Р.М кој вели: ,,Како избори и гласање се сметаат изборите за претставници на граѓани во Собранието на Република Македонија и во локалната самоуправа, за претседател на Република Македонија и изјаснувањето на граѓаните на референдум."

Кривичниот законик не ги дефинира изборите за Претседател на СПУКМ во објаснувањата на значењата и изразите на Законикот, што значи блокирањето на истите и повик за спречување на дискриманторските и нелигитимни избори на СПУКМ не претставува кривично дело.

Меѓу другото, на социјалните мрежи се шират неофицијални информации дека студенти ќе се носат со автобуси за да гласаат во Скопје на факултетите за претседател на Студентски Парламент.

Имено, за претседателското студетско столче ќе се борат двајца студенти  Стефан Василевски и Давор Поповски. Гласањето ќе се одвива на 23 факултети од Скопскиот универзитет „Св. Kирил и Методиј“.

Слично

Поврзани вести