Економија, финансии, бизнис

Контакт

УЈП во странство 203 пати ги проверувал повратниците од Ирак и Авганистан

УЈП во странство 203 пати ги проверувал повратниците од Ирак и Авганистан

Управата за јавни приходи ги потсетува граѓаните кои во текот на 2025 година оствариле доход од работа (плата) во странство дека се приближува законскиот рок за поднесување на електронска пресметка и доставување соодветни докази за остварениот доход.

„Физичките лица,  даночни резиденти на Република Северна Македонија, кои во текот на календарската 2025 година оствариле доход од работа од странство, се должни преку системот е-Даночни услуги да поднесат електронска пресметка за доход остварен од странство: https://e-ujp.ujp.gov.mk/ureg/login.seam

Обврската за поднесување електронска пресметка постои без разлика дали данокот во странската држава е платен или не е платен. Даночните обврзници кои оствариле доход од странство имаат обврска истиот да го пријават и заедно со пресметката да достават и соодветни докази (докази за остварен доход и доказ за евентуално  платен данок во странство). Пресметката за доходите остварени во текот на 2025 година треба да се поднесе најдоцна до 31 март 2026 година“ инфрмира УЈП.

Од таму додаваат дека досега биле направени 203 проверки во странство за данок од 2020 на нашинците кои работеле во Ирак и Авганистан.

„Поднесени се 203 барања за информации до странски даночни органи за проверка на документацијата доставена од граѓани кои во 2020 година преку американски компании остварувале доход од работа во Авганистан и Ирак. Овие активности се дел од механизмите за проверка на веродостојноста на податоците и обезбедување точност и транспарентност во даночниот систем. Навременото исполнување на обврските овозможува правилно утврдување на даночната обврска и избегнување на дополнителни постапки и санкции“, гласи во соопштението на Управата.


Слично

Поврзани вести