Економија, финансии, бизнис

Контакт

УЈП спречила фиктивна кражба од 160 милиони денари од државата

УЈП спречила фиктивна кражба од 160 милиони денари од државата

Директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска, денеска брифираше пред медиумите дека три компании од липковско-кумановскиот регион пробале да исцрпуваат пари од државата со фиктивни фактури за поврат на ДДВ преку мрежа на бензински пумпи.

Се регистрирале дека извршуваат дејност продажба на нафтени деревати, а немале ниту лиценци, ниту вработени. Како што започнала акцијата на УЈП, така се менувало сопствеништвото на фирмите, криејќи се зад косовски и хрватски државјани. Нивната работа била добро искоординирана со заедничко сметководствено биро.

Обидот од државата да се одземат 160.117.122 денари бил осуетен од УЈП и спречен. Кога почнале контролите од УЈП, почнале и промените на сопственичките структури на трите фирми. Како што влегувале инспекторите, така македонските државјани, фирмите ги префрлиле на хрватски и косовски државјани. Дека помеѓу сите три фирми имало поврзаност, покажува фактот што фирма која злоупотребувала податоци од добавувач и злоупотребениот добавувач имале исто сметководствено било.

„Во сите случаи има меѓусебна поврзаност од различни аспекти. Упатува на тоа дека е однапред смислена шема, со цел изигрување на законот и стекнување на противправна имотна корист. Од доказите се доставени до истражните органи согласно нивните надлежности. УЈП има доставено писмена пријава до ОЈО и МВР на 15.11.2023 година“, рече Лукаревска.

Кај ниту еден од случаите, поврат не бил одобрен. 

Слично

Поврзани вести