Економија, финансии, бизнис

Контакт

УЈП соопшти кога ќе биде следната исплата од поврат на ДДВ

УЈП соопшти кога ќе биде следната исплата од поврат на ДДВ

Во февруари оние кои скенираат фискални сметки ќе ја добијат исплатата која се однесува на второто тримесечје од мерката МојДДВ.

Ова го соопштија од Управата за јавни приходи додавајќи дека заклучно вчерашниот ден скенирани се  28,948,878 фискални сметки.

Прометот кој е остварен изнесува  14.301.474.854 денари а повратот од 15 отсто е во износ од 233.176.601 денари или 3.791.000 евра.

Доколку уште не ви е исплатен повратот од првото тримесечје, од УЈП потенцираат да ги проверите трансакциските сметки дали валидно се внесени во апликацијата.

Ако веќе пак сте ја направиле потребната корекција тогаш исплата на парите очекувајте во понатамошниот период.

Слично

Поврзани вести