УЈП синоќа ги чешлаше угостителските објекти во Тетово и Гостивар
Управата за јавни приходи доцна синоќа спровела контролна акција во угостителски објекти во Тетово и Гостивар при што констатирала голем број недостатоци и неправилности во финансиското работење и почитувањето на законите.
Во 10 од контролираните објекти биле констатирани недостатоци и неправилности во финансиското работење и почитувањето на законите при што УЈП издала пет времени забрани за вршење дејност, шест глоби и еден платен налог.
Според информациите на СВР Тетово, чии службеници биле вклучени во акцијата, контролите на угостителските објекти се одвивеле од 21 часот до полноќ.
Инспекторите на пазараната инспекција поднеле две забрани за работа еден платен налог и една едукација која е опфатена со Законот за пушење.
Забраните за работа зависно од прекршокот се однесуваат на времено затварање во период од 7 до 30 денови, а износите на казните се движат од 700 до 2. 500 евра.
Слично
