Економија, финансии, бизнис

Контакт

УЈП: Проверете ги даночните пријави, рокот истекува денес

УЈП: Проверете ги даночните пријави, рокот истекува денес


Управата за јавни приходи денеска ги потсети граѓаните дека рокот за проверка на годишните даночни пријави истекува денес, односно можноста е до 1 јуни.

Даночните обврзници кои се регистрирани во системот е-Персонален данок според тоа имаат можност уште денес да направат проверка преку своите кориснички профили и да го менуваат статусот на пријавата, односно да ја потврдат или да ја коригираат.

Доколку не направат корекции, даночните пријави автоматски ќе се сметаат за конечни, односно остануваат да важат некорегираните.

Од друга страна, корегираните ќе бидат надгледувани од УЈП и одобрени дополнително од службено лице и разликата во данокот треба да се доплати до 30 јуни.

Граѓаните кои имаат потреба од помош при коригирањето на претпополнетите Годишни даночни пријави можат да се обратат во контакт центарот на Управата за јавни приходи на телефонските броеви 0800 33 000 (само од фиксни оператори) и 02/3253 200 (од сите оператори).


Слично

Поврзани вести