УЈП: Привремен прекин ќе има на системот МојДДВ поради техничка надградба
Управа за Јавни Приходи - УЈП ја информира јавноста дека поради планирани активности за унапредување на ИТ инфраструктурата на Управата за јавни приходи, на 23 јуни 2026 година (вторник) од 12 часот апликацијата МојДДВ ќе биде привремено недостапна.
„Недостапноста е поради миграција на системот на нова инфраструктура со цел обезбедување поголема сигурност и достапност на услугата“, велат од УЈП.
Системот ќе биде повторно ставен во функција веднаш по завршување на активностите.
Целта на МојДДВ е граѓаните да скенираат фискални сметки, а со тоа да придонесат за намалување на сивата економија.
Слично
