УЈП присилно ќе наплаќа радиодифузна такса, побрзајте со решенијата
УЈП постави рок до 13 септември кога граѓаните можат да ги подигнат решенијата за присилна наплата на радиодифузна такса, а на листата која јавно ја објавија и е достапна на нивната веб страна има над 80 илјади должници.
Се повикуваат обврзниците кои должат радиодифузна такса наведени во листата објавена на веб страницата http://www.ujp.gov.mk/mk/otvoreni_povici, најдоцна до 13 септември 2016 година да ги подигнат Решенијата за присилна наплата на радиодифузна такса во просториите на УЈП, во надлежната Регионална дирекција (според место на живеење), секој работен ден од 08:30 до 18:00 часот и сабота од 08:30 до 14:00 часот.
„Доколку обврзникот има извршено уплати на радиодифузна такса во периодот од опомената/известувањето до изготвување на Решението за присилна наплата, потребно е да приложи докази при приемот на Решението, како би можел даночниот орган да ги земе во предвид и да спроведе правилна постапка на присилна наплата“ соопшти УЈП.
Доколку должниците не ги подигнат решенијата тогаш следува постапка на објава во Службен весник по што се смета дека е извршена уредна достава. Следен чекор како што може да претпоставите е присилна наплата, па ако не сакате да ви биде блокирана сметката проверете ги вашите сметки и побрзајте со исплатата на долгот.
Слично
