УЈП присилно ќе наплаќа радиодифузна такса
Проверете си дали имате долгови кон радиодифузна такса бидејќи од УЈП ќе почнат со присилна наплата на истата.
Како што информираат од оваа институција присилната наплата ќе стартува на 15 овој месец при што ги повикаа сите граѓани кои имаат заостанати долгови да ги подмират во најкраток рок за да не се соочат со дополнителни трошоци и блокирани сметки.
Како наједноставно да платите Радиодифузна такса?
Доколку не сакате да чекате на шалтери и да го губите времето , може да платите преку интернет и ја електронската услуга „е-Радиодифузна такса“ кој се наоѓа овде http://etax.ujp.gov.mk . Регистрирањето е бесплатно а она што ви треба е пристап до интерент и вашата електронска пошта.
Повеќе детали може да прочитате на официјалната страна на Управата за јавни приходи ТУКА.
