Економија, финансии, бизнис

Контакт

УЈП потврди: Сметката на 1ТВ е блокирана, деталите се даночна тајна

УЈП потврди: Сметката на 1ТВ е блокирана, деталите се даночна тајна

Управата за јавни приходи потврди дека сметката на правното лице 1ТВ Дооел Скопје е блокирана. Оттаму пред малку одговорија на нашето прашање за оваа тема, но не открија повеќе детали.

„По однос на вашето прашање за причините врз чијшто основ сметката е блокирана, ве известуваме дека согласно Законот за даночна постапка УЈП е обврзана сите документи, информации, податоци или други факти до коишто дошла во даночна, прекршочна или судска постапка, да ги чува како даночна тајна, стои во одговорот од УЈП.

И покрај напорите, не успеавме да го добиеме сопственикот на телевизијата Бојан Јовановски.

Фактор утрово објави информација дека сметката на оваа телевизија е блокирана.

Сите детали овде. 


Слично

Поврзани вести